На социјалните мрежи е објавено видео од Беличка река во кое се забележува дека вентилот на браната, бил затворен. Авторите на видеото предупредуваат дека ваквата постапка може да предизвика прелевање на реката, оштетување на мостот и патот и сериозна материјална штета, повикувајќи на внимателност и одговорност при користењето на природата.
„При една случајна прошетка покрај надојдената Беличка река, забележавме дека некој несовесен човек го затворил вентилот на браната која е поставена за време на Водици во која се положува светиот крст и во летниот период, со цел децата да можат безбедно да се разладуваат.
Овој вентил не смее да се затвора кога водата е надојдена. Во такви услови постои реална опасност реката да се прелее преку страните, да го поткопа мостот и патот, и да предизвика сериозна материјална штета, па дури и голема катастрофа.
Апелираме до сите жители да бидат внимателни и одговорни. Природата треба да ја чуваме и да ја користиме со разум, а не со непромислени постапки кои можат да имаат тешки последици за целата заедница.
Секогаш треба да внимаваме денес, за да бидеме безбедни утре“, стои во описот на видето.