Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Најмалку 62 загинати во поплавите во Индија, илјадници евакуирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library33dcste06kr6cIVKypC

Најмалку 62 лица загинале во поплавите и невремето што во изминатите денови ја погодиле северната индиска сојузна држава Утар Прадеш.

Локалните власти соопштија дека уште 46 лица биле повредени, а повеќе од 1.000 куќи биле оштетени во тридневното невреме, кое предизвикало поплави во неколку области.

— реклама —

Во делови од државата, меѓу кои и главниот град Лакнау, денеска се затворени училиштата. Спасувачките служби евакуираат жители од загрозените подрачја и ги префрлаат на побезбедни места, додека граѓаните се повикуваат да не патуваат доколку тоа не е неопходно.

Според регионалниот метеоролошки центар во Лакнау, се очекува дождовите од денеска да ослабнат, бидејќи системот над Бенгалскиот Залив ја губи силата. Слаби врнежи во источните и западните делови на државата се можни и утре.

— реклама —
— реклама —

Поплави има и во источната индиска држава Одиша, каде што властите евакуирале повеќе од 75.000 луѓе.

Во соседен Непал, пак, во несреќи поврзани со невремето од четврток до недела загинало 21 лице, соопшти националната агенција за управување со катастрофи. Пет лица се водат како исчезнати, а уште пет биле повредени. Во поплавите и одроните биле оштетени 194 куќи.

Непал сè уште се опоравува од катастрофалните поплави во август, во кои загинале повеќе од 1.400 луѓе, додека речиси 6.000 лица и понатаму се водат како исчезнати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfguih0qnmja2fABX3tV

(Видео) Поројна поплава во Непал уништи мостови, куќи и градилишта на хидроцентрали. Се трага по пет исчезнати лица, евакуирани 95 луѓе

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryoekv449903i0bsMKf1i

(Видео) Страшна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, најмалку 10 лица се водат како исчезнати

Свет | пред 1 седмица

media-librarycigf5u74nct67j6o2bn

(Видео) Поројни дождови и бури во Индија и Непал: Најмалку 19 загинати, 10 исчезнати

Свет | пред 3 седмици

media-library9rdrrl87i5108rSVih5

Повеќе од 1.300 загинати во Непал: Научниците откриваат како климатските промени влијаеле врз катастрофата

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања