Најмалку две лица загинаа, а стотици луѓе се блокирани по обилните дождови во провинциите Чианг Раи и Чианг Маи, Тајланд, кои доведоа до надојдени реки, лизгање на земјиштето и поплави во населените места, соопштија денеска властите.
Околу 9.000 домаќинства се погодени од лошото време предизвикано од тајфунот Јаги, а спасувачките операции моментално се отежнати поради силните водни струи, пренесува Ројтерс.
Премиерот Паетонгтарн Шинаватра најави дека спасувачките тимови се подготвени, а спасувачките операции ќе започнат кога ќе ослабат водните струи.
Виетнамските власти денеска соопштија дека во налетот на тајфунот Јага загинале 143 лица, а 58 се водат како исчезнати.
Јаги е најсилната тропска бура во Азија оваа година со забележани максимални ветрови од 245 километри на час.
Најмалку 16 лица загинаа на Филипините и две во Кина поради тајфунот.