Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(ВИДЕО) Најмладите со „Ретка песна“ за поддршка на РЕТКИТЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Retka-Pesna-1

Февруари месецот на ретките болести ги одбројува своите последни денови од националната кампања „Ги запознаваме ретките болсти 2021“ исполнет со многу позитивна енергија пренесена од страна на граѓаните, институциите...

— реклама —

Цел Охрид блеска во боите на ретките болести со илуминацијата на значајните историски споменици и објекти чии фотографии го обиколија светот. Кога поддршката доаѓа од најмалите, најчистите и најискрените души тогаш позитивата која се пренесува насекаде е најтопла. Децата членови на ФА „Бисери“ и хорчето „Весели бисерчиња“, дуото Black Moon (Мила Тренеска и Билјана Буџоска), под раководство на уметничкиот раководител Татјана Узуноска Тренеска ја снимија песната „Ретка песна“, чиј автор, музика и текст е на Тренеска.

— реклама —

- Секогаш се трудиме да сме дел од хуманитарни настани, со цел децата покрај игра и песна да ги запознаат правите вредности во животот, почит, сочувство, еднаквост меѓу луѓето. Спонтано, инспирирана од кампањата за ретки болести се роди песничката. Веќе четврта година вредно работиме во одржување и изучувањето на традицијата. Учевствуваме на концерти, фестивали, турнеи, во Македонија и надвор, како амбасадори на нашата традиција и култура. Но, кога се работи за хуманост и подигнување на човечката свест, посебно ме исполнува и инспирира. Покрај учевство на концерти, фестивали, турнеи, секогаш се вклучуваме во хуманитарни настани, како учесници, а често и како организатори, што ми претставува посебна гордост. Веќе четврта година сме вклучени во кампањата за ретки болести, а оваа година спонтано, со посебна инспирација, се роди песна, која ги израдува дечињата членови на хорчето „Весели бисерчиња“, оркестарот и пејачката група. Се почувствувавме среќни и горди, што и ние ќе дадеме еден мал придонес за децата со ретки болести. Аранжманот за „Ретка песна“ е на Јовица Карали, а во оваа прилика би ги поздравила луѓето кои на било каков начин ме поддржаа во остварување на овој проект. Тоа се пред се' родителите на децата, членови на ФА „Бисери“ и хорчето „Весели бисерчиња“, Мила Тренеска и Биљана Буџоска од дуото Black Moon, Гордана Лолеска, жената борец и носител на оваа кампања, Ка 2 Продукција, Јовица Карали, Ин Тв, Ване Петкоски и други, вели Тренеска.

— реклама —

— реклама —

На почетокот на месец февруари беше одбележан стартот на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која оваа година ја бележи третата сезона. Со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година се запознава јавноста со ретките болести.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања