(ВИДЕО) Најпопуларниот македонски музичар кај младите се расоблече пред камери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
AFSDFASDF

Музичарот Христијан Тасковски - Таско се ожени летово по три ипол години врска. За бракот знаеја само најблиските, оти тој до сега јавно не кажа дека е женет, ниту, пак, објави слики од венчавката.

— реклама —

„Се оженив пред четири месеци. Знаеш, како растеш и созреваш, природно доаѓа и тоа да сакаш да се ожениш. Се венчавме во матично и сè уште сме на два ума дали да правиме свадба, ама мислам дека ќе направиме за да ги испочитуваме постарите генерации околу нас“, раскажа Таско за „Репортер“ и првпат прозборе за бракот.

— реклама —

Со музика се бави одамна. Иако снима хип-хоп, трап, регетон, вели дека еден ден сака да ја преработи „Слушни ме мајко стара“ од Анета и Молика. Зборувавме и за соработката со српскиот пејач Раста која трае скоро четири години.

— реклама —

„Со Раста сме супер приватно, до толку што секој ден си праќаме пораки на вибер. Тој е многу нормален човек, сум бил кај него дома, ги запознав мајка му, татко му, ќерката. Познанството со него ми отвори многу врати за кои претходно не сум бил свесен дека може да се отворат“, ни кажа Таско.

Со многу страст зборува за музиката, но и за детството во Лисиче. Со другарите од маало се гледа и денес, а еден од нив му е и кум на свадбата. Но вели дека никој не му е поблизок од неговиот помал брат. „Се гордее со мене", искрен е Таско.

Често оди во теретана, а после вежбање објавува фотки на Инстаграм за да ги покаже мускулите. Тогаш добива најмногу пораки од девојки на социјалните мрежи, па вели: „Не одговарам на таквите пораки. Знам зошто ми пишала, ама не сум тој тип“.

Со Таско муабетите немаат крај. Ни раскажа за последниот настап во Белград и како реагира на него српската публика, дали игра оро на свадба, сака ли пакетчиња за Нова година. Зборувавме зошто го избркале од карате клубот, ни откри дека пишувал поезија и одел на глума во школо... гледајте го видеото.

Gh6t3_fBHVg

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања