Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

(Видео) Намалена казната за смртното прегазување на Слободан кој поминуваше пешачки кај МНТ: Филиповиќ осудена на 2,5 години затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
media-library5aquoircstvodKd07ZT

Две години и шест месеци затвор ѝ изрече судот на Гордана Филиповиќ, која со незастанување на пешачки премин и возење со поголема брзина од дозволената го усмрти 76-годишниот Слободан Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“, наспроти Македонскиот народен театар.

— реклама —

Несреќата се случи во 2022 година, а предметот се судеше по вторпат откако Апелацискиот суд ја укина претходната пресуда. Пресудата ја соопшти судијката Лидија Петровска.

Со првата пресуда Филиповиќ беше осудена на три години затвор, но со новата одлука казната е намалена на две години и шест месеци.

— реклама —

Синот на загинатиот пешак, Столе Ангеловски, изрази силно незадоволство од пресудата и оцени дека казната е премногу ниска.

„Максимално сум разочаран од судството во Македонија. Две години и шест месеци за обвинетата која направила сериозни прекршоци – брзо возење и незастанување на пешачки. Судството не е на два процента, туку е на минус 20 проценти. Ова е шокантна и некоректна пресуда“, изјави Ангеловски.

Адвокатот на осудената, Владимир Туфегџиќ, најави жалба до Апелацискиот суд, посочувајќи дека делото не било сторено со умисла, туку од небрежност.

„Обвинетата не го сторила делото со умисла, туку станува збор за небрежно дело, на што упатуваат и ставовите и правната пракса во пресудите на Врховниот суд. Во жалбата ќе ги изнесеме нашите аргументи“, изјави Туфегџиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања