Навивач кој за време на првиот натпревар од НБА финалето втрча на теренот со намера да направи селфи со ѕвездата на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, доби доживотна забрана за присуство на сите натпревари во НБА.
Инцидентот се случил во последната четвртина од дуелот меѓу Сан Антонио и Њујорк никс, кога навивачот со мобилен телефон во раката влегол на паркетот и се упатил кон Вембањама. Обезбедувањето брзо реагирало и го отстранило пред да успее да направи фотографија.
НБА соопшти дека и второ лице, кое учествувало во инцидентот, ќе добие иста казна и повеќе нема да може да влезе во ниту една арена на лигата.
Комесарот на НБА, Адам Силвер, изјави дека ваквите случаи стануваат сè почести на големите спортски настани и нагласи дека станува збор за сериозно нарушување на безбедноста.
„Поради ваквото однесување ќе добие доживотна забрана не само за арената во Сан Антонио, туку и за сите НБА сали“, порача Силвер.
На снимките од инцидентот се гледа дека Вембањама во првиот момент бил збунет, но останал смирен додека обезбедувањето ја завршувало својата работа.