Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(Видео) Назгул, чехословачки овчар, побегна од дома и заврши на квалификациската трка во крос-кантри на Олимписките игри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-libraryej0ech0fg7sr5sDUUuz

Неканет гостин се појави на патеката за крос-кантри, на Зимските олимписки игри во Милано и Коритна. Во квалификациската трка, во тимскиот спинт, заедно со натпреварувачките од Унгарија и Хрватска, последните 50 метри ги мина и куче.

— реклама —

Сцената од кучето кое ја премина целта на Олимписките игри привлече огромно внимание. Сепак, каква приказна стои зад сето тоа?

— реклама —

Назгул е двегодишен чехословачки овчар кој побегнал од сопствениот дом за да се натпреварува на Зимските олимписки игри. Одеднаш решил да се вклучи во женската квалификациска трка во крос-кантри и почнал да трча покрај некои девојки.

— реклама —

Назгу изгледа многу слично на волк, па е вистинско чудо што никој не се исплашил кога го видел.

По сето тоа се огласил и сопственикот.

„Само исчезна, побегна од дома. Тој е многу добро куче, многу тврдоглав и многу сладок“, објаснил сопственикот на Назгул за неговото исчезнување по кое завршил на патеката.

„Плачеше цело утро затоа што виде дека заминуваме и само мислевме дека сака да нè следи. Секогаш бара луѓе“, рекол сопственикот.

По трката се огласи Аргентинката Нахијара Дијаз Гонзалез која тогаш била на патеката.

„Беше многу среќен што ја помина целта. Бев толку фокусирана да завршам што не го гледав кучето. Беше забавно искуство и не е нормално. Не знам што правеше таму. За среќа, сè помина добро“, рече помалку исплашената Аргентинка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања