„Џабе сите станови, мерцедеци, чалами, кога ти го зедоа чаламот“, вели новинарот Миленко Делековски, во обраќањето на Фејсбук емисија посветена на бегството на Сашо Мијалков, кого синоќа полицијата неможеше да го пронајде за да му го врачи решението за домашен притвор.
Миленко прашува сега што ќе прават оние кои во саботата правеа некаква собиранка, сакајќи да организираат вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ, затоа што финансиерот си замина. ТВ21 објави дека забележале обвинетиот во „Таргет-Тврдина“ вчера, недела, околу 14 часот во кафе барот „Дистрикт“ во хотелот „Мериот“. Мијалков седел на првата маса од влезот кој се наоѓа од страна на Плоштадот Македонија заедно со Ивица Коневски, еден од најгласните говорници и организатори за вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ.
Неделковски вели дека кога увидел Мијалков дека немаат поддршка за конгресот, му останал чекорот бегство од земјава. Миленко постави прашање дали сега полицијата ќе го сослуша Ивица Конески?
Неделковски тврди дека има и информација каде е и на каде оди Сашо Мијалков во моментов за кој вели дека си ги понел и финасиите со себе.
Миленко трврдите дека Мијалков избеган преку Бугарија, дека оваа е транзит држава во правец на земјите од Заливот. Вели не сум сигуерен дека ќе оди во Дубаи, затоа што преку туристичките агенции таму има многу наши луѓе, а Мијалков е препознатлива фигура, но сепак станува збор за некоја од заливските земји, каде тешко доаѓа до испорачување и каде е доволно да се има убава врска со некој од принцовите.
Онаку каде што оди Мијалков го гледаат како „банкомат“, вели Неделковски. Таму тој ќе ја плаќа слободата.
ЕМИСИЈАТА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ може да ја погледнете на овој линк
Инаку новинарот Милeнко Неделковскина 3 ти февруари во своите видео обраќања истакна дека во текот на втора половина на јануари од правосудните органи почнала да излегува информација дека на 15 февруари (за што погреши само со неколку денови) ќе биде приведен Сашо Мијалков, за што денеска вели дека оваа информациоја многу малку медиумски куќи ја објавиле, затоа што не им се верувало дека Мијалков навистина ќе биде уапсен.
Миленко во истата емисија кажа дека најдобриот дописник од Македонија и пошироко, Бобан Нонковиќ уште одамна ги предупредупредувал Никола Груевски и неговите најблиски советодавци како и Сашо Мијалков, дека западот имаат дадено директна наредба да после сите збиднувања во земјава, дека еден од нив мора да лежи затворска казна.
фото: Архива