(Видео) Некој да и пуштал „бакнежи“ на твојата сопруга кога беше пратеничка, ок ќе беше, го праша пратеничка по собранискиот хаос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
378389678_701587831842360_795508424728730860_n

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, му се нафрлија на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за однесувањето кон пратеничката Дафина Стојановска, која кажа дека и праќал бакнежи од собраниските клупи додека зборувала.

— реклама —

— реклама —

„Ова дно од Министер, денес упатуваше бакнежи од место кон моја колешка Дафина Стојаноска, додека истата зборуваше на собраниска говорница. И не е прв пат да дофрлуваат, примитивно и без срам луѓево кои ќе не носеле во Европа, а всушност се НЕИЗЖИВЕАНИ! Недостоен е да биде Министер!!! Очекувам да има реакција и од пратеничките на СДС , Премиерот, од Славица Грковска, невладините.... Прашање до Маричич: некој да и пуштал "бакнежи" на твојата сопруга додека била пратеничка, и додека зборувала на говорница, ок ќе беше???“, напиша Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Се приклучи и Антонио Милошоски.

„Она кога си неизживеан вицепремиер, умислен мачомен и без срам провоцираш жена, сопруга и пратеничка со недоличен сексизам!“, напиша тој.

Се огласи и пратеничката Дафина Стојановска која го изнесе тврдењето дека добивала бакнежи од Маричиќ додека давала процедурална забелешка и напиша: „Бакнежи и намигања - дома!!! Срам за двете знамиња позади!!!

Срам за машкиот пол!!! Позади камера е лесно да си “мачо-мен”“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања