Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Немаат разрешница: За два месеци, седум убиени во Македонија - двојното убиство во кумановско е последно во низата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Двојното убиство во кумановско е последно во низата, а во Макеоднија имаше дури седум жртви, во последниве два месеци, како последица на крвопролевање. Сите се случија од средината на ноември до средината на јануари.

— реклама —

Син кој беше пуштен од Психијатрија-Бардовци го уби татко му во Кисела Вода во ноември минатата година. И по два месеци, обвинителот тврди дека го нема обдукцискиот наод. А за тоа што синот бил пуштен од болницата – нема да има одговорност.

„Во текот на истрагата е утврдено дека пациентот е пуштен на викенд во домот врз основа на потпишано барање од родителот“, велат од Обвинителството.

— реклама —

Следуваше најгрозоморното киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Пет осомничени во притвор, но осомничениот планер и реализатор Љупчо Палевски-Палчо – илјадници километри далеку од Македонија. Обвинителството тврди истрагата е во сериозна фаза, адвокатот Владимир Туфегџиќ кој го брани таткото на Вања бара реконструкција.

„Очекувам да се преземе дејствие за реконструкција на настанот. Убеден сум дека во оваа постапка е направена уште една голема трагедија“, рече Туфегиќ за „Скопје1“.

Најмладата жртва е двегодишното девојче од Кичево. Почина како последица на скршена коска на черепот, крварење на мозокот и скршеници на двете ребра. Обвинителот собра докази, осомничениот во притвор – случајот и натаму во се истражува.

— реклама —

План за убиство на четири лица, а убиени две, имаше во Челопек на два дена пред Нова Година. Од јавното Обвинтиелство велат: „Притворот за осомничениот е продолжен за нови 30 дена. Основното јавно обвинителство Тетово ги очекува резултатите од наредените вештачења, а во меѓувреме сослушува сведоци“.

И јануари беше крвав месец. Имаше пукање пред Клиничкиот центар во Тетово. Во овој случај, осомничениот убиец е на слобода.

„За осомниченото лице кое веднаш по настанот избегало од местото и до овој момент е недостапно е доставен предлог за притвор. Ќе биде лишен од слобода кога ќе биде најден“, велат од Обвинителството.

— реклама —

Последното убиство беше на крајот од јануари, во Ново Лисиче. Внук ја уби сопствената баба. „Скопје1“ објави детали за случајот и тоа кој е внукот. Бабата била тепана и задавена. Осомничениот се бранел и тврдел дека не го сторил делото. Тој е зад решетки.

Заедничко за сите случаи е што ниту еден не е стигнат ниту до обвинение со кое осомничените ќе одговараат пред македонските судови.

И овие убиства не се единствените. Останаа нерасчистени и неколку ликвидации и обиди за ликвидации во Скопје – како што е пукањето во „Шиша бар“ и двојниот обид за убиство на Раде Трајковски-Штекли.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања