Промени тема
Контакт

(Видео) Немири во Софија, кршења и палења: илјадници граѓани на улиците во знак на протест против буџетот за 2026 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library0b5k4t3278el9j69qG2

Илјадници граѓани излегоа на улиците во Софија протестирајќи против нацрт-буџетот на бугарската влада за наредната година – првиот што ќе се пресметува во евро, валута што Бугарија треба да ја воведе на 1 јануари. Тие ја искршија и канцеларијата на политичката партија ГЕРБ.

— реклама —
— реклама —

Дел од демонстрантите се судрија со полицијата која ги штитеше седиштата на владејачките партии. Кон полициските кордони летале камења, шишиња и пиротехника, а безбедносните сили користеле заштитна опрема за да ги одбијат нападите.

Опозицијата, синдикатите и бројни организации остро го критикуваат предложениот буџет поради најавеното зголемување на придонесите за социјално осигурување и повисокиот данок на дивиденда. Според нив, со тоа се финансира „преголемата државна администрација“ и „системската корупција“, на сметка на граѓаните и бизнисите.

— реклама —

Во земјата владее и силен отпор кон воведувањето евро. Околу половина од Бугарите се против, стравувајќи дека нивниот монетарен суверенитет ќе биде нарушен и дека преминот кон заедничката валута ќе се искористи за вештачко покачување на цените.

— реклама —

Дополнителна доза загриженост внесува и изјавата на претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, која неодамна предупреди дека инфлацијата во Бугарија може да порасне веднаш по влезот во еврозоната, пренесува „Ројтерс“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryisls4fucpevc8tHiIAJ

Убиен познатиот бугарски бизнисмен Илијан Филипов

Балкан | пред 5 дена

— реклама —
Car_Samoil

Посмртните останки на цар Самоил, кои се откриени во Малото Преспанско Езеро, ќе бидат пренесени од Солун во Бугарија на 3 октомври

Балкан | пред 6 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Европската комисија со шест постапки против Бугарија, ѝ даде рок од два месеци

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Шестгодишно момче пронајдено со убодни рани во стан во Софија, таткото скокнал од петти кат од зградата во која живееле

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања