Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Нереди во Ирак: Демонстранти се обидоа да упаднат во Зелената зона во Багдад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryrhmkjdsqbh3m60ZFnGD

Демонстранти во Ирак се обидоа да упаднат во строго обезбедената Зелена зона во Багдад, каде што се наоѓа и Амбасадата на Соединетите Американски Држави, како реакција на наводното убиство на врховниот лидер на Иран, Али Хаменеи.

— реклама —
— реклама —

Според Си-Ен-Ен, судири меѓу демонстрантите и ирачките безбедносни сили избиле во неделата наутро на мостот „14 Јули“, кој преку реката Тигар води кон Зелената зона. Видео-снимки прикажуваат чад и блесоци, по што демонстрантите се повлекле.

Во Зелената зона се сместени канцелариите на ирачката влада и неколку странски амбасади, меѓу кои и американската.

— реклама —

Истовремено, протести биле одржани и во јужните покраини Ди Кар и Басра, каде што илјадници луѓе марширале, извикувајќи пароли и носејќи знамиња, осудувајќи го убиството на Хаменеи.

— реклама —

Ирачката влада прогласи тридневна жалост и изрази сочувство до Иран. Портпаролот на владата, Басем Ал-Авади, заедничкиот американско-израелски напад врз Иран го оцени како „очигледен чин на агресија и дело што ги крши сите хуманитарни и морални норми“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 17 часа

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 1 ден

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања