Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Невреме го потопи северот на Грција: Солун поплавен, улиците во Халкидики непроодни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
solun-poplava

Солун е поплавен по силното невреме што го зафати регионот во четвртокот наутро, оставајќи драматични сцени во центарот на градот. За само еден час наврнале врнежи во количина што одговара на целокупната просечна месечна сума за јули – дури 37 литри на квадратен метар, објавија експертите од „Weather Analysis“.

— реклама —

Голем дел од улиците во централното градско подрачје беа под вода, што доведе до хаос во сообраќајот и интервенции на службите за итна помош. На авенијата Цимиски, едно од најпрометните места во градот, мотоциклист паднал поради лизгавиот асфалт и се здобил со повреди. Неговата здравствена состојба сè уште не е целосно позната.

Според информациите на локалниот медиум „ToVima“, под притисокот на надојдената вода попуштиле шахтите, што дополнително го влошило поплавувањето на главните улици. Дел од сообраќајот бил привремено прекинат, а улиците се претворија во порои.

— реклама —

Временските неприлики не зафатија само Солун – силни врнежи беа регистрирани и во делови од Халкидики, како и во региони како Кукуш, Епир, Тесалија, Спорадите и Тракија.

Во Неа Флогита, на Халкидики, улиците беа поплавени, што го отежна движењето низ туристичкото место. Посетители кои таму летуваат споделуваат фотографии на социјалните мрежи од водата што надоаѓа, а според „grtimes.gr“, цивилната заштита останува во состојба на готовност поради најавите за натамошна нестабилност на времето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања