Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Незири дециден за притисоците: Ако проба политиката да вмеша прсти во изборот на шеф, ќе добие повратна реакција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-11-05-at-16.14.36

Заменик шефот во скопското обвинителство, Едмон Незири, кој се кандидираше за шеф во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „А1он“ кажа дека е убеден дека политиката нема да вмеша прсти во изборот кој треба да се одржи во понеделник.

— реклама —

u4NGOkSFOzE
— реклама —

„Јас сум убеден дека политиката нема да вмеша прсти во овој избор. А доколку проба, ќе добие сигурно, повтратна реакција од која нема да биде задоволен. Повторно кажувам, се работи за обвинители со дигнитет, интегритет, професионалци кои имаат право да воспостават темели на работа на најважното обвинителство, зборувам за ОЈО-ГОКК. Материјали, просторни, кадровски и други проблеми се неспорни. Но таму мора да се вклучи соработка со други институции. А наша работа како обвинители е на два акценти: подобрување на евентуално нарушени човечки односи, дружба поголема помеѓу обвинителите и ако зборуваме за професионалност во програмата е наведено, тоа е спроведување на финансиски истраги, меѓутоа, со конфискација и завршница“, кажа Незири.

Согласно Законот за јавното обвинителство, на 7 ноември ќе се одржат избори за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција на кои право на глас имаат сите јавни обвинители во Република Северна Македонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања