Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, вечерва во емисијата „21Анализа“ потврди дека кога ќе се ефектуира оставката на Зоран Заев, дека и тој заминува од функцијата во партијата.
„Кога претседателот ќе даде оставка, целото раководството е во оставка и тоа не е најважно. Најважно во моментов е демократското мнозинство во парламентот, и да не се вратиме во време на страв и на реваншизам против кое се боревме“, рече Николовски во гостувањето на ТВ21.