Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Њујорк во чад: Автомобил се запали и експлодираше кај Волстрит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryqmrgtdl3nqds3lvK8XP
screenshot x

Голем пожар и експлозија на автомобил предизвикаа паника во финансискиот кварт на Њујорк за време на вечерниот метеж, откако возило се запали во близина на познатата статуа „Charging Bull“.

Инцидентот се случил на раскрсницата меѓу Бродвеј и Стоун Стрит, во непосредна близина на седиштето на њујоршката транспортна агенција МТА.

— реклама —

Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат како возилото, кое наводно било поврзано со МТА, целосно е зафатено од пламен, додека густ чад се издига над Волстрит.

— реклама —

Според очевидци, голем број луѓе се собрале зад полициските барикади за да го следат пожарот, но ситуацијата дополнително се влошила кога дошло до силна експлозија што ги оттурнала пламените јазици кон насобраните граѓани.

— реклама —

Експлозијата предизвикала хаос и паника, а луѓето почнале да бегаат и да бараат засолниште.

— реклама —

Противпожарната служба на Њујорк соопшти дека пријавата за запаленото возило била примена во 17:42 часот по локално време, по што итно биле испратени екипи на терен. Полицијата ги блокирала околните улици, додека пожарникарите речиси час и половина се бореле со огнот.

Надлежните соопштија дека нема повредени лица, а истрагата за причините за пожарот е во тек. Засега нема индиции дека станува збор за намерен или криминален чин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo34ncncg0fpdaTYxNli

(Видео) Новогодишната магија пристигна во Њујорк: Поставена елката во центарот Рокфелер

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-librarymghe6v2nc59keLshW73

(Фото) Избрана новогодишната елка за „Рокфелер центар“ во Њујорк

Вирално | пред 2 седмици

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Терминално болните во Њујорк ќе можат законски да побараат лекови за прекин на животот

Свет | пред 3 месеци

media-librarykkbeotev1k8bb9fUDSi

Њујорк ја стопира изградбата на нови центри за вештачка интелигенција поради огромната потрошувачка на струја

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања