Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Се работи и во доцните часови: Започна решавањето на долгогодишниот проблем со атмосферската канализација во Бутел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Настани
media-library8s9d9tel4pju9RSUkuS

Интензивни градежни активности се одвиваат и во доцните вечерни часови во општина Бутел, каде што се работи на изградба на нова атмосферска канализација на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од терен на кое се гледаат работниците и механизацијата ангажирани на реализацијата на проектот.

— реклама —

Тој информира дека активностите се одвиваат со засилен интензитет, а работата е организирана со внимание кон мирот на жителите, со цел што побрзо да се реши проблем кој, како што посочува, ги засега граѓаните со години.

— реклама —

„Зад секој поставен метар канализација стои нашата обврска да обезбедиме побезбедни улици и достоинствени услови за живот. Тоа го ветив и на тоа работиме, секој ден, до доцна во ноќта“, објави Ѓорѓиевски.

Тој упати благодарност до работниците кои и во доцните часови се на терен, нагласувајќи дека нивниот труд е важен за реализација на проектот и подобрување на условите за живот на жителите.

— реклама —

„За мојот народ, секој час работа вреди. Скопје се сака со дела!“, порача градоначалникот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања