Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) Нов скандал на Јункер, речиси и ја запали косата на сопругата на претседателот на Руанда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
junker

Претседателката на Европската комисија Жан Клод Јункер за малку ќе ја запалеше првата дама на Руанда. Јункер заборави на кратко дека во раката држи долг факел со голем пламен, па опасно се приближи до сопругата на претседателот на Руанда, Пол Кагаме. Настанот се случил за време на церемонијата за оддавање почит на жртвите од геноцидот во Руанда, од пред 25 години, во кој се убиени повеќе од 800.000 илјади лица.

Имено, откако тројцата добија запалени факели, со кои симболично го запалија меморијалниот оган, 64 годишниот Јункер се заврте да ѝ го подаде својот факел на една од членовите на протоколот, но заборави дека претседателот Кагаме и неговата сопруга Жанет се во непосредна близина на огнот…

— реклама —

Ова е само еден од серијата инциденти на политичарот од Луксембург.

— реклама —

За потсетување минатата година Јункер е снимен како се клати и едвај одржува рамнотежа на самитот на лидерите на НАТО. Присутните лидери мораа да му помогнат да не падне, а шефот на Европската комисија тогаш рече дека не бил пијан, туку дека причината за таквото движење бил ишијас.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања