„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Нов скандал: Претседателот на ФФМ барал да се тргне селекторот од химната за претстојното Европско првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
makedonska-reprezentacija

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) нарачала химна со која ќе се бодрат репрезентативците на претстојното Европско првенство. Но, еден стих од песната не му се допаднал на претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини, поради што побарал да бидат променет. Станува збор за стихот во кој се спомнува селекторот на репрезентацијата, Игор Ангеловски, со неговиот прекар Мрме. Стихот гласи: „Мрме на чело на црвена армија, те слави Македонија“, а барањето на Сејдини било да го нема селекторот во песната,  „360 степени“,

— реклама —

Ваквото барање предизвикало револт кај дел од фудбалерите, меѓу кои и кај Горан Пандев и Илија Несторовски. „360 степени“ ги контактираше двајцата репрезентативци, кои велат дека се изненадени од ваквата постапка на Фудбалската федерација и ја сметаат за срамна и некоректна.

— реклама —

„Како можат да се дрзнат да го тргнат селекторот или некои играчи од химната, тоа е некоректно и жално. Мислам дека стигнала оваа порака до Федерацијата и мислам дека треба добро да размислат пред тоа да го направат. Но, тоа е за секоја осуда. Ја покажаа нивната некомпетентност, нечовечност. Нема да биде коректно да го тргнат селекторот. Ајде, да ги ставиме тогаш луѓето од Управен одбор во химната, дека тие се најзаслужни што се пласиравме на ЕП. Треба да разберат дека ова е репрезентација на сите, а не нивна“, вели Горан Пандев за „360 степени“.

Ангеловски пак за 360 степени“ вели:

„Нека им служи на чест на тие што сакаат да го направат тоа. Не побарав одговор од претседателот на Федерацијата, тоа е негов начин на однесување и капацитет на водење. Јас сум професионалец и селектор на фудбалската федерација на Македонија“, коментираше Ангеловски.

Текстот во целост на: „360 степени“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања