Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Нов скандал: Зетот на Али Ахмети бил партнер со бизнисмен кој успеал за 24 000 евра да купи 65% од фирма со обезбедени државни тендери од 112 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
ahmeti1

Во понеделникот во „360 степени“ гостуваше претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Зборуваше, пред се, на политички теми, но доби и вакво прашање: Дали треба да заклучиме дека семејството Ахмети е во бизнисот со увозот на мазут?

— реклама —

5kr4GDA9F0Y
— реклама —

„Јас ве убедувам дека семејството Ахмети нема ништо со … како се викаше, Ерџан Сулкоски“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на 18 септември 2023 година.

Зошто му го поставиле ова прашање на Али Ахмети и кој е Ерџан Сулкоски?

Денот бил 11 јануари 2022 година кога две лица склучиле договор за основање на фирмата „К.С.А. Интернатионал“ во Република Северна Македонија.

Името на едниот содружник е Куштрим Смајлај, во тој момент, германски државјанин со привремен престој во Зајас. Во документите од Централниот регистар не пишува дека истиот Куштрим Смајлај е зет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сопруг на неговата ќерка Ускана.

Вториот содружник во компанијата „К.С.А. Интернатионал“ е Ерџан Сулкоски, македонски државјанин со адреса на живеење во Кичево.

Според податоците од Централниот регистар, веќе во првата година од работењето, фирмата на зетот на Ахмети и неговиот партнер направила приходи од 12 милиони евра и профит од 2,5 милиони евра.

Мислењето на Ахмети дека неговиот зет е партнер во „К.С.А. Интернатионал“ со многу други компании, не е точен, бидејќи негов единствен компањон досега бил Ерџан Сулкоски. Велиме досега бил, затоа што Сулкоски му го продал својот удел на Куштрим Смајлај во август годинава, за само 2 500 евра – колку што му бил основачкиот влог.

Не помалку интересно е тоа што кога Сулкоски и Смајлај ја регистрирале фирмата, за седиште ја избрале адресата „Партизански одреди“ број 102 во Скопје.

На локацијата има станбена зграда со повеќе станови и локали. Случајно или не, дел од нив се во сопственост на фирмата „Пуцко Петрол“ или семејството Јахоски. Случајно или не, на „Пуцко Петрол“ и семејството Јахоски е и бензинската пумпа веднаш до зградата на Партизанска бр. 102. Тоа е истото семејство Јахоски на пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски.

Не само што влегол во „РКМ“, туку и станал доминантен сопственик со 65% и тоа со влог од околу 24 000 евра во основната главнина.

Сето ова се случува неколку месеци откако РКМ добива два тендера за набавка на мазут за потребите на Електрани на Северна Македонија од вкупно 112 милиони евра.

ѝ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања