Екипа на Брза помош пристигна во судската зграда откако Боки 13 побара да се одложи првото судење за случајот „Рекет“, поради како што рече, влошена здравствена состојба.
Судијката која го води процесот, побара медицинска екипа да ја констатира состојбата на Боки 13, по што ќе се одлучи за натамошниот тек на судењето. Но, во меѓувреме, Боки 13 се пожалил на болки во стомакот, по што дошла втора екипа на Брза помош
https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/812099149224927/?v=812099149224927¬if_id=1575371064263327¬if_t=live_video
Претходно, Боки 13 во придружба на тројца полицајци беше однесен во тоалет.
За време на судењето, тој се пожали дека не е во свесна состојба, односно, дека не може да го следи судењето бидејќи утринава повраќал 10-на пати.
Неизвесен е текот на судењето.