Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Нови детали од пукањето пред училиште во Турција: 11 ученици повредени, двајца се во тешка состојба, напаѓачот приведен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarynav2tk6ejaf6bO9Y3se
Принтскрин / Х

Најмалку 11 ученици се повредени во утринскиот напад со огнено оружје во близина на средно училиште во турскиот град Тургутлу, во провинцијата Маниса. Двајца од повредените се во тешка состојба, а осомничениот, малолетен ученик, бил приведен кратко по нападот.

Пукањето се случило околу 8 часот по локално време во близина на Средното стручно и техничко училиште „Инџи Узмез“. Првичните информации беа дека има осум повредени, но бројот подоцна се зголемил на 11.

— реклама —

Според турските медиуми, напаѓачот дошол вооружен со пушка, пукал кон луѓето во близина на училиштето, а потоа се обидел да побегне пеш. Полицијата брзо го пронашла и го привела.

— реклама —

Во рамки на истрагата биле приведени и родителите на осомничениот, како и неговиот дедо. Надлежните проверуваат како малолетникот дошол до оружјето и на кој начин било чувано. Се испитува и дали нападот бил поврзан со претходни проблеми меѓу ученици.

Мотивот засега не е утврден, а обвинителството во Тургутлу започнало истрага.

— реклама —

По пукањето, голем број родители пристигнале пред училиштето за да дознаат што се случило со нивните деца. Според турските медиуми, дошло и до туркање меѓу родители и полицијата, која не им дозволувала да влезат во училишната зграда.

— реклама —

Ова е трет сериозен вооружен напад поврзан со училиште во Турција годинава. По претходните напади во април, турските власти најавија засилување на безбедносните мерки во образовните установи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Турција планира шест нови нуклеарни реактори со моќност од 4.500 мегавати

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library5qujv2uca6ud0xWJ3Wl

Тешка трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик, се трага по затрупани лица

Свет | пред 4 дена

media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhfgln0iq7re49I6sgX2

(Видео) Крвав напад во Турција: Осум лица убиени, полицијата трага по напаѓачот

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања