Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

(ВИДЕО) Новогодишна честитка на градоначалникот на Карпош Богоев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
S.Bogoev

„Среќна Нова 2019 година! Ви посакувам многу здравје, среќа, успех и бериќет, Вам и на Вашите најблиски.

Во Новата 2019 година планираме да направиме многу за Карпош.

— реклама —

Покрупни проекти кои би ги издвоил се:

— реклама —

 Паркот којшто ќе почнеме да го правиме оваа година, ќе се протега од вештачката карпа покрај Вардар, до бунарите на реката Лепенец;

 Исто така, планираме да воведеме и Хумани патроли со коишто ќе им помогнеме и ќе ги посетиме нашите најмили, највозрасните односно пензионерите. Ќе отвориме и повеќе нови пензионерски клубови со многу содржини во нив;

 Оваа година, со работа ќе почне и целосно изградената (од темел) градинка во Бардовци, а ќе почнеме и со целосна реконструкција на градинката во Тафталиџе 1, „Мајски цвет“.

— реклама —

 Со картичката Мој Карпош, од 2019 година, Вие, граѓаните на Карпош, ќе можете да добиете многу попусти и бенефиции во повеќе стопански субјекти на територија на Општината;

 Во 2019 ја планираме и изградбата на првиот затворен, реонски базен во дворот на основното училиште „Јан Амос Коменски“, во Тафталиџе 1.

Планираме и тековно одржување на инфраструктурата, зголемување на нивото на хигиената, нови контејнери и уште повеќе садници на дрвја кои ќе го обноват и освежат зеленилото во нашиот Карпош.

Почитувани карпошани,

И во Новата 2019 година, продолжуваме заедно да работиме за модерен, развиен, убав и европски Карпош“, вели Стефан Богоев во своето Новогодишно обраќање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања