„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Нож во двор, опасни хемикалии во базен каде се капат деца - соседи се жалат дека се малтретирани од сосед во Синѓелиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
sosed

Жители на скопската населба Сингелиќ велат дека со години се соочуваат со сериозни проблеми со нивниот сосед Хасан Синани. Според нив, случајот трае подолго време, а и покрај бројните пријави до полицијата, трајно решение сè уште нема.

— реклама —

„Во дворот детето ми извика: ‘мамо, мамо, нож’. Веднаш ја повикавме полицијата…“ – раскажува една жена од улицата за „Порталикс“, опишувајќи една од ситуациите што ја вознемирила целата околина.

Според тврдењата, соседот прскал дрвја со хемиски материи, поради што тие се сушеле и паѓале. Истите супстанции, додаваат, биле фрлани и во близина на базен во кој се капеле деца.

— реклама —

„Имаме поднесено шест-седум пријави во полиција, сите внимателно запишани. Некои инциденти беа многу сериозни – со фрлање нож. Но секогаш завршува исто: полицијата го одзема ножот и тука завршува. Наместо да стивне, тој станува уште посилен,“ вели една од соседките.

Жителите сведочат и за закани со селење, прекинување на вода, како и за разни други провокации.

Тие додаваат дека ваквото однесување веќе ја доведува во прашање безбедноста и нормалниот живот во населбата. Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјален одговор за поднесените пријави и можните мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-07-05-at-13.09.35

Експлозии на буриња со хемикалии – активиран повторно пожарот во близина на фабриката за оружје во Самоков

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања