Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(Видео) Објавен филмот за Тоше

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
Screenshot-2024-02-03-at-10.26.33

Документарниот филм „Једини“ (Единствен) посветен на Тоше Проески, зад кој се потпишува Катерина Миловановиќ од српската „Прва Телевизија“ сега е јавно достапен. Тој е објавен на „Јутуб“ и слободен за гледање. Премиерата беше одржана во Крушево. Во документарецот, се зборува за детските денови на Тоше, моментите со пријателите, неговата желба за живот без слава, хуманоста, но и тешките моменти со семејството кое било на прагот на сиромаштијата. Миловановиќ со нејзиниот тим специјално дојде во Крушево за промоцијата.

— реклама —
— реклама —

Моментите со Тоше и неговата приватност ја сподели Јован Шапе, другар на нашата музичка легенда, со кого ги поминал деновите во училишните клупи. Меѓу другото, раскажа и за организацијата на концертот со минимални финансии, но без откажување. Цитати од Дора Проеска, сестра на Тоше, во кои таа раскажува како тој имал проблеми со очите, а тие имале пари само за автобуски билет кога го носеле на доктор во Прилеп – донесе емоционална бура кај сите присутни.

— реклама —

„Еден ден пред да одиме на вежби за видот, со мајка ми влеговме во продавница. Пред нас, човек купуваше кикирики во вакуум. Тоше ја праша мајка ми: ‘Дали еден ден кога ќе имаме пари, ќе ми купиш вакви кикирики?’. Никогаш не бараше многу беше свесен дека семејството ни е многу сиромашно. Нема – нема..“, стои во цитатот од сестрата на Тоше.

Најпознатото место во Крушево каде Тоше поминувал многу моменти е „Планет“. Имало дупка на кровот, која тој ја поправал, а до неа, негов потпис. Пријателите токму во истото кафуле, ги споделија снимките и фотографиите направени со Тоше. Во филмот зборува и вујкото на нашата ѕвезда, Тоше.

Жељко Самарџиќ споделува како се запознале со Тоше и ја покажа првата касета која ја добил од него. Андријана Јаневска за моментите кога настанала несреќата и неверувањето дека Тоше го нема. Александар Митевски за моментите во неговото студио каде се снимаше и „Македонија навива за нас“. Глигор Копров за настанувањето на песната „Усни на усни“. Текстописецот Огнен Неделковски меѓудругото посочува: „Македонската музика не може да се опорави“. Новинарката Соња Алексовска, која напиша и книга за Тоше, исто така раскажа многу за него.

Од првиот настап до последниот концерт, сите снимки се дел од овој документарен филм. За наградата „Златна бубамара“, во него зборува и Ранко.

Погледнете го целиот документарец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања