(ВИДЕО) Објавен спотот за евровизиската песна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
1646919842414

На официјалниот јутјуб-канал на Евровизија, е промовиран спотот за песната Circles со која Андреа ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Торино.

— реклама —

Спотот е во продукција на Македонската радио-телевизија, го режира Горан Цветковиќ, а за стилот се погрижи Цаце Паковска. Видеото е снимено на повеќе препознатливи локации во Скопје и доминираат Андреа и природната емоција на нејзиниот лик.

— реклама —

— реклама —
EzOpAduUlmo

„Јас, искрено, сум презадоволна. Работевме посветено и со овој спот мислам дека покажавме дека не секогаш финансиите се пресудни за да се испорача квалитетен продукт. Спотот е работен со многу ентузијазам во мошне краток временски период, што го направи искуството уште повозбудливо“, вели Андреа за спотот и додава дека тимската работа и заемната позитивна енергија биле пресудни за одличното видео.

„Морам да го пофалам тимот на МРТ, кој не ме остави сама во ниеден момент и несебично ми помогна да ја реализирам идејата. Тоа ми покажа дека тие целосно веруваат во мене и во проектот“, вели таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања