ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Објавени одлуките на Државната изборна комисија од денешанта седница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-03-24-at-12.34.53

Денес, Државната изборна комисија ја одржа 89- тата седница на која комисијата ја донесе одлуката за јавна објава на описот на избирачките места за претстојните претседателски избори 2024 година.

— реклама —

„Описот ги содржи сите стручно- технички детали во однос на избирачките места и истиот ќе биде јавно достапен на веб страната на Државната изборна комисија за да можат граѓаните во секое време да се информираат за избирачките места кадешто ќе може да го остварат правото на глас. Покрај тоа, Комисијата ги разгледа и Предлог програмата за задолжителна едукација на изборните органи, Предлог програмата за едукација на граѓани и Предлог програмата за едукација на други чинители во изборите. Програмите се детален приказ на процесот на едукација на сите чинители вклучени во изборниот процес, што ја спроведува Државната изборна комисија“, велат од ДИК.

Сите предлог програми имаат за цел да придонесат за поголема професионализација на изборните органи, унификација и воедначена примена на изборниот закон, намалување на можноста од ненамерни пропусти што ќе ја подобри сликата на организација на изборниот процес.

— реклама —

„Исто така целта за едукација на другите чинители вклучени во изборниот процес кои ги вклучуваат и политичките партии, медиумите и граѓанските организации, е потребата од правилно и прецизно информирање за изборните процеси за да се избегне можноста од пласирање на дезинформации. Со ова се очекува да се подигне довербата и кредибилноста во изборниот процес. Трите предлог програми беа едногласно усвоени од страна на комисијата и истите ќе бидат достапни на веб страната на државната изборна комисија“, додаваат тие.

EUd1rGXypkk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања