„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) „Обвинителството повторно го уби Љупчо“ – семејството разочарано по одлуката да нема обвинение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
ljupco-lesko

Јавното обвинителство по втор пат го уби нашито син, велат од семејството на Љупчо Лешко, разочарани од одлуката на обвинителот, да не поведе постапка против сопственикот на објектот каде младиот диџеј загина. Тие се убедени до струјниот удар по кој Љупчо загинал, дошло поради неисправна инсталација. Обвинителството, според решението да не се поведе постапка, вина гледа кај нивниот мртов син - бидејќи влегол во базенот и потоа излегол и ја допирал миксетата. Семејството на загинатиот пак, укажува, дека таму имало и други деца кои исто така се жалеле на пецкање од струја од почетокот на забавата, притоа, нивниот син не бил единствен мокар таа вечер, а со оглед дека имало и дожд.

— реклама —

„Морам да ви кажам дека е најголемиот срам за едно јавно обвинителство и една јавна обвинителка. Зошто го велам тоа.. Вие да признавате недоследности во самиот извештај, а сепак да донесете негативна одлука за тоа дали да се поведе постапка или не (се мисли на обвинение), мислам дека нема во ниту една држава, ниту во Јужана Кореа, Сомалиа, Белорусија. Зошто го велам тоа, бидејќи во решението, во повеќе наврати, јавната обвинителка зема само површни мислења, зема во предвид делови од изјави од сведоци кои на неа и одговараат а не целосно, наведува дури и лаги што исто така ќе го докажам, а сепак признава и на недоследности кои ги содржел објектот и повторно, како што кажав, донесува негативно мислење односно одлука. На што го темелам ова кажување - јавната обвинителка како причина за струјниот удар на мојот син се држи само површно на извештајот на Судска медицина кој докажува дека причината е струен удар, но докажува дека и мојот син имал хронични срцеви проблеми, како и дека најголема причина е тоа што мојот син бил мокар. Но во извештајот од Судска медицина, пишува дека, 'создадени се услови да дојде до струен удар', но тоа не значи што бил мокар, е главната причина. Но јавната обвинителка така го толкува тоа, сакајќи да ја прикрие сопствената неспособност, а откако по 11 месеци не дојде до резултати“, вели Раде Лешко, татко на загинатиот Љупчо.

Тој кажа и што стои во вештачењата кои ги правело Обвинителството.

— реклама —

„Демек ќе се вадиме сега дека вештачењето било изведено во темни услови, односно дека немало светло вечерта (кога загинал Љупчо), за да се извршат анализи на евентуални неправилности при напојувањето. Значи јавната обвинителка признава дека нејзиниот вештак не си ја извршил работата како што треба, да изврши анализи на евентуални неправилности во напојувањето или заземјувањето.. ама не признава дека заборавила односно не наложила запечатување на објектот, за 11 месеци, таму да не се вршат наводни уништувања на докази“, додаде Лешко.

Таткото, меѓудругото на вештаците им рече: „Да ви се плукнам во дипломите што ги имате, неписмени ни едни!“.

Во видеото, таткото елаборира во делот на доказите и решението:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања