Промени тема
Контакт

(Видео) „Очекувам колегите да кажат дека не сме ги излажале, ниту измамиле“, Бектеши се правда за концесијата за „Иловица“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, прво се извини затоа што вчера ја одложил прес-конференцијата, потенцираше дека имале дебата со колегите министри, па кажа дека никогаш не е ставен било кој во заблуда за време на владините седници кога се зборувало за концесијата на „Иловица“. Образложуваше какви се документи има во неговите фиоки и што е доставено до Владата. Очекува од сите министри да кажат дека тој и Министерството за економија, не ги довеле во заблуда.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

[embed]

— реклама —

— реклама —

„Очекувам и другите колеги да потврдат дека Министерството за економија, не излажало, ниту измамило некого, ниту ставило некого во заблуда. Ние сме доставиле хронологија на настаните и што е одлучено од 2005 до денеска во предлог одлуката за спојување и образложение, тоа е доставено до Владата и не се менувало ниту информацијата ниту образложението. Ова е политичка Влада и се носат и политички одлуки“, рече Бектеши.

Потоа, кажа дека не станува збор за една туку за две концесии. Кажа како се добивани позитивните мислења низ годините, а поврзани со издавање на концесиите.

„Гледам дека јавноста е во заблуда дека се работи за една концесија. Не се работи за една туку за две концесии“, додаде Бектеши.

Тој во текот на прес-конференцијата во детали образложува за концесиите.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања