„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО од Прославата по успешниот референдум) 28 години - самостојна и суверена држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nezavisnost

Република Македонија прославува 28 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

— реклама —

Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 г.

Токму на 8 ми септември 1991 година 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

— реклама —

Според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле “за” самостојна и суверена Македонија.

На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.

Македонците самите резултати ги прифатиле со голем оптимизам и еуфорија.

https://vimeo.com/181848498

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања