„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Одбележан роденденот на Горан Стафановски, неговите блиски говорат за големината и значењето на Стефановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
goran-stefanoski

— реклама —

На денешен ден, пред 68 години во Битола е роден Горан Стефановски. Состојбата предизвикана од кризата со коронавирусот, го спречи одржувањето на собирот по повод роденденот на еден од најголемите македонски драматурзи чии дела се длабоко вкоренети во културниот идентитет на земјава. Настанот требаше да се одржи во неговото омилено Дебар маало, а меѓу другото, Oпштина Центар и неговото семејство планираа и поставување клупа со седечка скулптура на Горан Стефановски. За жал, затворањето на границите спречи клупата да пристигне од Англија така што таа ќе биде поставена кога ќе се создадат соодветни услови за тоа.

— реклама —

Со цел достоинствено одбележување на роденденот на драмскиот писател, изработено е видео во кое дел од неговите блиски соработници и пријатели говорат за големината и значењето на Стефановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања