Промени тема
Контакт

(Видео) Одбил да префрли телефон во затворот во Шутка, добил ќотек - сведоштво за криминалот зад решеките на затвореникот Делов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library54s9k5i951b85NfRb3s
Фото: Претрес со Ландов / Скопје1.мк

Во ексклузивното гостување во „Претрес со Ландов“, затвореникот Коста Делов – осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април – детално опиша дел од насилните инциденти што, според него, се случувале во затворот „Шутка“.

Делов вели дека зад решетки имал повеќе физички пресметки.

„Со двајца се справив успешно, ама и двајца се справија успешно со мене,“ изјави тој, појаснувајќи дека конфликтите настанувале поради провокации во собата, а не поради лични пресметки.

Според него, еден од инцидентите што ескалирал со физички напад бил директно поврзан со обид за нелегално внесување телефон во затворот.

— реклама —

„Одбив да соучествувам во префрлање на телефон преку ѕид. Требаше јас да го одвлечам вниманието на затвореник кој разговараше со надзорникот. Кога одбив, ме нападнаа двајца наеднаш,“ изјави Делов.

Тој додава дека нападот започнал со жестоки навреди, а потоа прераснал во физичка пресметка. Иако, како што тврди, немал потешки повреди, во медиумите било пласирано дека бил „во кома“ и „крвнички претепан“.

„Тоа предизвика голем шок кај мајка ми,“ рече Делов.

— реклама —

Она што особено го нагласи е и однесувањето на надзорникот кој, според него, не реагирал навреме: „Заврши тепачката, а надзорникот не пријави ништо. Дури кога другите почнаа да зборуваат, после десет минути се смилува и тивко пријави дека имало физички инцидент.“

Интервјуто отвора сериозни прашања за безбедноста, надзорот и функционирањето на затворската служба во Шутка, а Делов најави дека е подготвен да открие и други детали за условите во затворот.

— реклама —

ЦЕЛ РАЗГОВОР:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryisr00gfnq5q07WTdszd

(Видео) Беџети за Груби: Бев против неговите политики, но сметам дека сега му се прави неправда

Студио | пред 4 минути

— реклама —
media-libraryd15h533ii65ueedsHKx

(Видео) Беџети: Немам амбиција да го наследам Ахмети

Студио | пред 18 часа

media-libraryc41j9c8somsa5A3o6pN

(Во живо) Беџети: ДУИ нема да обезбеди Бадентер за враќање на името „Македонија“

Студио | пред 5 дена

media-libraryf0v7rd6ivom35mjKkdo

(Во живо) Беџети за Ахмети: Во партијата нема расположение да се повлече од лидерската функција

Студио | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања