Промени тема
Контакт

(Видео) Одекна македонската химна во Италија: Марко Блажевски освои прво место на Европскиот Renault Cup

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryjbhp6mtom674eY8IbEg

Македонскиот автомобилист Марко Блажевски повторно се искачи на највисокото место на победничкиот подиум, откако триумфираше на патеката Валелунга во Италија во рамки на Европскиот Renault Cup.

Со освоеното прво место, Блажевски дополнително ја зголеми својата предност во генералниот пласман. До крајот на сезоната остануваат уште три трки, а македонскиот возач во моментов има повеќе од 30 бодови предност пред конкуренцијата.

По неговиот триумф, на патеката во Италија одекна македонската химна, додека македонското знаме се најде на врвот на победничкиот подиум.

— реклама —

Блажевски по трката порача дека фокусот останува целосно насочен кон освојување на титулата.

— реклама —

„Уште една победа и уште еден огромен чекор кон титулата. Сега остануваат уште три трки. Фокусот е на титулата. Нема опуштање“, изјави македонскиот автомобилист.

Со новиот успех, Блажевски ја продолжува борбата за европската титула, која во завршницата на сезоната се обидува да ја донесе во Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања