Пожарот кај граничниот премин Јажинце повторно се реактивираше, а на терен се распоредени противпожарните екипи, државните служби и локалното население кое помага во гаснењето на огнената стихија.
На локацијата пристигна и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој изјави дека се преземаат сите мерки за пожарот да биде ставен под контрола.
Според последните информации, се работи интензивно за локализирање на пожарот и спречување на негово понатамошно ширење.