Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Општина Охрид останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Gradonacalnik_-Annotation-2020-07-08-121450

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска на Прес-конференција ја информираше јавноста во врска со сите преземени мерки и активности во текот на изминатата година, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО. Градоначалникот уште еднаш потенцираше дека заложбите на локалната и централната власт за зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се сериозни и дека во иднина ќе продолжат да се имплементираат сите параметри за заштита, кои ќе овозможат современ развој на долг рок.

— реклама —

-Во текот на изминатата година покажавме вистинска грижа за она што е исклучително важно. Одлучивме да повлечеме црвена линија и конечно да му ставиме крај на самоволието и импровизациите во Охридско-струшкиот регион. Со сите мерки и активности кои ги презедовме и ги преземаме во текот на овој процес, ја запираме деградацијата во регионот и ги поставуваме параметрите за заштита и развој на еден долг рок.

Во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО, се работеше на сите нивоа на одлучување, на спроведување на мерки и носење на решенија, кои се консултирани со врвни експерти. Се радувам што како локална и централна власт имаме огромна поддршка од меѓународната заедница, од амбасадорите и од релевантни меѓународни институции во делот на спроведување на законите, владеење на правото и зачувување на светското наследство.

— реклама —

— реклама —

Затоа, уште еднаш упатувам апел до јавноста да го поддржат целокупниот процес и заедно да покажеме дека имаме волја, имаме визија и план за да ги подобриме работите и да го зачуваме нашето непроценливо богатство за идните генерации, истакна меѓу другото градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 1 година

— реклама —
kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Трендови | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Трендови | пред 5 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Патувања | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања