Унгарските граѓани масовно протестираат против т.н. „Закон за робови“. Во синоќешните, досега најмасовни демонстрации, унгарската полиција уапси 35 лица, и со солзавец се обидуваше да ги растера илјадниците граѓани во Будимпешта. Унгарците се генерално револтирани од целокупната политика на деснонационалистичката влада на премиерот Виктор Орбан, но, дел од граѓанските здруженија велат дека новите реформски закони се поразителни за современо демократско општество. Според синдикалните организации, новиот закон ги претвора работниците во современи робови.
https://twitter.com/DragosIonita/status/1073318126174027776?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1073318126174027776&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Forbane-odi-po-gjavolite-iljadnici-ungarci-go-opsadija-parlamentot-video
„Протестираме против новиот закон со кој се зголемува бројот на прекувремени работни часови од 250 на 400. Ваквите закони не враќаат во робовладетелството. Ова е „робовладетелски закон“ - велат од Унијата на синдикални организации.
Според анализите на синдикатите, законот им дава можност на компаниите, плаќањето за прекувремената работа да го одложат до три години. Појаснуваат дека 400 прекувремени часови се еднакви на дополнителни 50 работни денови годишно. Истовремено, пак, владата на премиерот Виктор Орбан, тврди дека од реформите работниците ќе имаат корист, како и компаниите кои треба да го надоместат недостигот од работна сила.
Во средата, при донесувањето на Законот, пратениците од опозициските партии со свирчиња и со силни извици се обиде да го спречи донесувањето на законот, но сепак не успеа во својата намера. Беше усвоен и законот за создавање нов систем на административни судови под надзор на министерот за правда, за кои опозицијата и критичарите сметаат дека нема да бидат независни. И групите за човекови права во меѓувреме посочуваат дека новиот закон за административните судови може да води до политичко влијание врз судската власт. Унгарците го изразуваат незадоволството и во Незадоволството е насочено и против целокупната политика на деснонационалистичката влада, меѓу што и против рестриктивниот Закон за високо образование, кој доведе до одлука за иселување на либералниот Централноевропски Универзитет од Унгарија.