Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Организацискиот секретар на СДСМ за 27 април: „Не се слагам дека тоа е тероризам“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library6akbnmm5vevv85s5Gas

„Не се слагам дека е тероризам“, изјави организацискиот секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски-Жаба, во „Претрес со Ландов“, во разговорот за настаните од 27 април и за казните на осудените. Тој се изјасни за помирување и кажа дека би сведочел доколку има повторно судење.

Трифуновски, кој раскажа дека таа вечер влегол во Собранието за да помогне во извлекувањето на своите сопартијци, настанот го опиша како еден од потрагичните во поновата историја. Сепак, се спротивстави на квалификацијата тероризам и на висината на казните за дел од осудените.

— реклама —

„Не се слагам дека е тероризам“, рече тој, додавајќи дека не смета оти е коректно тие луѓе и натаму да бидат во затвор.

Посебно зборуваше за поранешни колеги од безбедносните структури со кои работел. Според него, можно е да потфрлиле во професионалните обврски, но не требало да добијат, како што ги нарече, драконски казни, додека иницијаторите и организаторите останале без последици.

— реклама —

Од актуелната власт побара храброст за помирување, повикувајќи се и на примерот со помилувањата од Доналд Трамп во САД.

Водителот Кристијан Ландов повеќепати го праша дали конкретно поддржува повторно судење, посочувајќи дека барањето на дел од осудените е да ја докажат својата невиност, а не само да бидат ослободени.

— реклама —

Трифуновски најпрво зборуваше за изнаоѓање модус за помирување и ослободување, а потоа кажа дека би сведочел доколку има повторно судење. Истовремено нагласи дека за повторување на постапката се потребни нови докази и дека, доколку ги имаат, осудените треба да побараат ново судење.

На прашањето како би реагирал СДСМ доколку биде дозволено повторно судење, Трифуновски нагласи дека го кажува својот личен став.

— реклама —

Како влегол во Собранието на 27 април, што видел внатре и зошто денес ја оспорува квалификацијата тероризам? Неговото сведоштво и соочувањето со прашањата за повторно судење — гледајте го целиот „Претрес“:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl49vs4a2la11dP9iVGG

(Видео) Додека бил во бегство, секретарот на СДСМ се среќавал со Заев до/во вилата во Грција, откри во „Претрес“

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library9s3v78h8s01laqVoZXv

(Видео) Трифуновски за инцидентот на митингот на СДСМ: Високи полициски функционери договарале да ме наместат, имаше тонски снимки

Студио | пред 23 часа

media-libraryrhj6d9v1rc636fbX6Ei

(ВО ЖИВО) Трифуновски за бегството од Македонија: „Јас сум жртва на режим, Груевски беше владетел на режимот“

Студио | пред 1 ден

media-librarylhnqsjs117t09sHy4HG

(Во живо) Од предмет за обид за убиство до врвот на СДСМ: Трифуновски во „Претрес“ за фештите, бегството, сиромаштијата, Алта Банка

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања