Бујар Османи собрал 10.000 потписи за претседателска кандидатура. Тој преку видео им се обрати на граѓаните и кажа дека поддршката ја добил во рекоредн период.
„Веста дека се собрани над 10 илјади потписи ме најде во домашен амбиент, додека ја барав поддршката и до моите најблиски“, кажа Османи.
Тој посочи дека ќе влезе со најголема сериозност во кандидатурата.
„Посакувам позитивна кампања и да се натпреваруваме со идеи и дела“, додаде тој.
Истовремено, до вчеравечер, според податоците од ДИК, Османи имаше близу 8.500 потписи. По него, втор по број на потписи е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 5923 потписи. Потоа, трета е Билјана Ванковска од Левица со 4478 потписи.
За тоа колку потписи се собрани во текот на денешниот ден, ќе се знае утре изутрина.
Се множат потписите, никој нема доволно: Османи, Димитриевски и Ванковска имаат најголем број поддржувачи
За три дена, до вчеравечер, од претендентите за претседателска кандидатура, најмногу потиси има собрано Бујар Османи од ДУИ. По него, втор по број на потписи е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 5923 потписи. Потоа, трета е Билјана Ванковска од Левица со 4478 потписи.Стевчо Јакимовски од ГРОМ собрал 3091 потпис, а за Арбен Таравари се потпишале 1645 лица. За Мерсиха Смаиловсиќ од Бошњачката партија се потпишале 523 лица.Послабо котираат Вело Марковски кој има 433 потиси, Ѓорѓи Манасков со 93 питиси,
Македонија | пред 2 години