Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВИДЕО: Остатоците од возилата говорат за трагедијата на Првомајска -За неполн месец 7 загинати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
62382559_710801856005533_7801027938144485376_n

Трагите од истеченото гориво и остатоците од автомобилите останаа да сведочат за тешката сообраќајна несреќа која се случи синоќа на патот Пинтија – Драчево. Во директен судир на голф и пежо на лице место загинаа 21 годишно момче од Батинци и 48 годишен жител на Драчево. Само годинава еден од загинатите имал дури 16 казни за брзо возење а синоќа автомобилот го управувал со 160 километри на час, јавува Сител.

-Еден имал 16 казни за брзо возење а од јануари до мај на булњеварот Борис Трајковски се изречени 369 казни за брзо возење, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

— реклама —

На 100 метри оддалеченост од синоќешната несреќа, пред само еден месец при сурид на рено во камион за отпад загинаа пет луѓе. Возењето по Борисд Трајковски е опасно и за возачите и за пешаците, велат вработени во фирмите покрај патот.

— реклама —

-Не е безбедно ич, возат многу брзо, никој не внимава, вели вработена во фирма.

— реклама —

Пред влезот во Драчево за неполн месец во две тешки сообраќајни несреќи загинаа 7 лица. Според полициската евиденција, на овој патен правец месечно пишуваат по околу 100 казни за брзо возење, но епилог очигледно нема.[embed]

[/embed]

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања