Градежен работник истури кофа со молерска фарба во коритото на струшки Дрим. Од снимката која предизвика големо незадолство и жестоки реакции на социјалните мрежи, се гледа како лицето кое се симнува од објектот кој се гради покрај кеј, а остатоците од кофата, без да внимава дали некој го гледа ги истура во реката.
https://twitter.com/maxdestructionn/status/1715664132991586760?t=CvIQmsjAj6Bt6nxwx60OmQ&s=19&fbclid=IwAR1PIGf38mItUTNpPuARELG7Ggwlk-VX4lAewd5qleaRIbhoYLeKMF9BnWg
Ваквото однесување не е за првпат. И во минатото имало слични случувања со загадување на Дрим. Никогаш досега, јавноста нема чуено дека локалната власт предводена од градоначалникот Рамиз Мерко кој е на т.н. „црна листа“ на САД, казнила ваков чин