Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Отишла да пријави полицајци кои и го натепале синот, а таму и кажале дека така го „превоспитале“, сведочи мајка од Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 минути -

Македонија
media-librarypv9j3nrpc0ns3G86KsX

Лихнида Петреска го видела својот 15-годишен син Горазд со траги од пендреци по телото утрото на 29 јули. Неколку часа претходно, тој се враќал од работа со мотор кога, според нејзиното сведоштво во „Претрес со Ландов“, полицајци го удриле со возило кај градската болница во Охрид и го тепале во нива. Не го казниле, ниту случајот го евидентирале во СВР Охрид.

— реклама —

Кога го прашала што се случило, Горазд првично не сакал да ѝ каже. Петреска вели дека бил исплашен бидејќи му се заканиле да не пријавува. Според неа, му рекле да оди дома, да се искапе и да се среди како ништо да не било.

Петреска отишла во полиција да праша зошто ѝ е претепан синот и дали настанот е евидентиран. Раскажа дека по неколку проверки ѝ кажале дека во системот нема запис и ја упатиле кај командирот. Тој, според неа, ѝ рекол дека полицајците веројатно не биле од Охрид и веќе заминале.

— реклама —

„Ми кажаа дека подобро така што му направиле“, рече Петреска. Таа тврди дека во полиција ѝ рекле оти Горазд можел да падне и да се повреди, па било подобро тие „да го превоспитаат на некој начин“.

— реклама —

Обвинителството за „Претрес“ соопшти дека предметот од ОЈО Охрид бил препратен до надлежното одделение на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција откако било утврдено дека пријавените се полициски службеници, а во постапката биле дадени дополнителни насоки, била известена Внатрешната контрола, било извршено препознавање и се преземаат дејствија.

ГЛЕДАЈ ТУКА СО СИТЕ ПОТРЕСНИ ДЕТАЛИ:

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiai8ju817v5e212pM2B

(Видео) „Го газеле по телото и главата, изгубил и свест“, потресно сведоштво на мајка од Охрид за полициска бруталност

Македонија | пред 8 минути

— реклама —
media-libraryecn330qpus1ec5fRwgT

(Видео) „Полицајци го претепаа брат ми на паркинг, други чувале никој да не види, го влечеа кај што нема камери“, сведочи охриѓанецот Николоски

Македонија | пред 33 минути

media-librarynen0aqa8rh810ChA91L

(🔴Видео) „Ќе ме убијат ако дојдам во Претрес“: Братот на Дарко тврди дека добивал смртни закани

Македонија | пред 57 минути

media-librarybadmp650pujb8NnqyjK

🔴 (Во живо) Претрес: Потресни сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, а малолетник во нива

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања