Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Отстрането украинското знаме од центарот на Приштина по посетата на Зеленски на Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
297938504_590012862837162_7129961007234952633_n

Украинското знаме, кое околу четири години стоеше на фасада во центарот на Приштина како симбол на поддршка за Киев, денеска е отстрането, само еден ден по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград.

Градоначалникот на Приштина, Пепарим Рама, објави снимка од отстранувањето на знамето и порача дека Приштина „секогаш одговара исто“ кога, како што наведе, не се почитува Косово.

— реклама —

„Кога Косово не се почитува, главниот град Приштина секогаш одговара исто“, напиша Рама на Фејсбук.

— реклама —

Тој додаде дека солидарноста на граѓаните на Приштина ќе остане со народите кои се соочуваат со војна, насилство и прогон, но дека ниту една цел не може да се гради со „омаловажување на државноста на Косово и жртвата на неговиот народ“.

Отстранувањето на знамето следува еден ден по посетата на Зеленски на Србија. За време на посетата, украинскиот претседател порача дека ставот на Киев за непризнавање на Косово останува непроменет.

— реклама —

Големото украинско знаме беше поставено во центарот на Приштина по почетокот на војната во Украина и со години беше симбол на поддршка за украинскиот народ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања