„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) „Ова е политичко убиство“: Трамп за атентатот на Чарли Кирк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Screenshot-2025-09-11-084643

Американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, беше застрелан во средата додека зборуваше на Универзитетот Јута Вали во Орем, пред околу 3.000 присутни. Инцидентот предизвика интензивна потрага по снајперистот кој, според гувернерот на Јута, извршил политички атентат.

— реклама —

Иако пукотницата се случила во средината на денот, осум часа подоцна властите сè уште немаа уапсено осомничен. Според првичните информации, убиецот испукал еден истрел од покривна позиција, смртно погодувајќи го 31-годишниот Кирк во вратот.

Во видео-порака објавена на платформата Truth Social, Трамп изрази силна тага и гнев:

— реклама —

„Чарли инспирираше милиони и вечерва сите што го познаваа и го сакаа се обединети во шок и ужас. Чарли е патриот кој го посвети својот живот на каузата за отворена дебата и земјата што ја сака толку многу, Соединетите Американски Држави“, рече претседателот, додавајќи дека Кирк бил симбол на вистина и слобода и дека никогаш немало личност толку почитувана меѓу младите.

„Чарли беше исто така човек со длабока, длабока вера. И се утешуваме во сознанието дека тој сега е во мир со Бога на небото“, рече Трамп, нагласувајќи дека се моли за сопругата и децата на Кирк во овој тежок момент. „Ова е мрачен момент за Америка“, додаде тој.

Бо Мејсон, комесар во Одделот за јавна безбедност на Јута, изјави дека двајца мажи биле приведени и испрашувани, но подоцна ослободени бидејќи немало докази дека се поврзани со пукотницата. Потрагата по стрелецот продолжува.

Во друг говор од Овалната соба, исто така објавен на Truth Social, Трамп вети дека неговата администрација ќе ги пронајде виновниците:

„Мојата администрација ќе ги пронајде сите оние што придонеле за ова злосторство и за друго политичко насилство, вклучувајќи ги и организациите што го финансираат и поддржуваат“, изјави тој.

Видеа од моментот на нападот, снимена со мобилен телефон, го покажуваат Кирк како паѓа на подиумот додека се држи за вратот, а потоа како крв блика од раната.

Џеф Лонг, шеф на универзитетската полиција, рече дека шест полицајци биле распоредени на настанот и тесно соработувале со приватниот тим за обезбедување на Кирк.

Трамп нареди сите американски знамиња на федералните институции да бидат спуштени на половина копје до недела во чест на Кирк.

Републиканскиот гувернер на Јута, Спенсер Кокс, изјави: „Ова е мрачен ден за нашата држава, тоа е трагичен ден за нашата нација. Сакам да бидам многу јасен дека ова е политичко убиство“.

Иако мотивот останува нејасен, убиството на Кирк е последното во низата напади врз политички фигури во САД, вклучувајќи и два обиди за атентат врз самиот Трамп минатата година.

Американскиот претседател ја осуди растечката насилна реторика:

„Со години, оние од радикалната левица ги споредуваа прекрасните Американци како Чарли со нацистите и најлошите масовни убијци и криминалци во светот“, рече Трамп. „Овој вид реторика е директно одговорен за тероризмот што го гледаме во нашата земја денес и мора да престане веднаш“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања