Промени тема
Контакт

(Видео) Овации на скопскиот аеродром: „Студио Фолклор“ освои прво и трето место на натпревар во Бразил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryhnko4pf6pbl7egKBRFI

Со овации, гордост и многу емоции, вечерва на Меѓународниот аеродром во Скопје беа пречекани членовите на ансамблот „Студио Фолклор“, кои се вратија од големата турнеја и меѓународниот натпревар во Бразил.

Ансамблот од натпреварувањето се враќа со две значајни признанија за Македонија. „Студио Фолклор“ го освои првото место според гласовите на публиката од целиот свет, додека стручното жири им ја додели третата награда.

Успехот беше проследен со свечен пречек на скопскиот аеродром, каде што членовите на ансамблот беа поздравени со громогласни овации од присутните.

— реклама —

Од ансамблот порачаа дека се особено горди на освоените признанија и на можноста преку македонскиот фолклор да ја претставуваат земјата на голема меѓународна сцена.

„Браво, наши шампиони! Македонија се гордее со вас!“, порачаа од „Студио Фолклор“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања