Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување на 5 нови природни реткости. Киселичката пештера, Чинарот во Охрид, Дабот благун во село Бели, Црната дудинка од Лесново и Карактеристичен геолошки профил – Звегор се петте нови природни реткоски прогласени со решение донесено од Министерот за животна средина и просторно планирање.
Во продолжение документарен филм во продукција на „Мегастар“, во која се раскажува приказната за охридскиот Чинар. Чинарот. Стариот Чинар !
Илјадалетнотo дрво и сите преданија и легенди за него, за животот кoј се одвивал околу него.
Чинарот од чие старо стебло денес никнуваат млади фиданки како симбол за вечниот живот во вечниот Охрид.