„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Охридските плажи исчистени, еве како ќе изгледаат оваа сезона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Plazi-ohrid

Охридските плажи подготвени за туристичката сезона. Тие се расчистени од градежниот шут кој остана по уривањето на дивоградбите. Песок, вода и слободен простор – вака ќе изгледаат плажите, откако локалната вложи напори да ги врати во првобитна состојба. Нема повеќе наплаќање лежалки и кавга доколку сакате да поставите пешкир на песок и да уживате во природата, а да не пиете ништо.

— реклама —

Расчистени се дел од плажите, но има уште. Градоначалникот наодамна најави дека ќе продолжат со расчистување на крајбрежјето, а веднаш после тоа акцијата ќе продолжи и во урбаната зона на Охрид и Стариот дел на градот.

— реклама —

„Имаме објекти останати на плажите, тие оваа сезона нема да функционираат, сите ќе бидат отстранети. Предвидени се дополнителни 3 милиони денари за уредување на плажите. Ќе се ангажираа од ЈП Охридски комуналец дополнителни работници кои ќе се ангажирани само за одржување на плажите. Мислам дека оваа сезона конечно ќе воведеме ред во функционирањето на плажите. Во минатото имаше случаи каде се поставувани лежалки, препреки за да се наплаќа паркинг при паркирањето во близина на плажите. Тоа оваа година ќе го завршиме. Сите плажи од Метропол спрема Пештани, ќе бидат отстранети по велигденските празници. Додека плажите во опфат на ДУП-от, ќе мора да се отстранат. Во иднина, во однос на стопанисувањето, се прави урбанистички план. Ќе биде согласно сите критериуми. Општината ќе распишува изнајмување на тој простор, но треба да сфатиме дека тоа ќе бидат плажи, а не објекти од траен или времен карактер“, истакна неодамна Георгиески.

Инаку акцијата за отстранување на дивоградбите од Охридските плажи започна минатата година. Се отстрануваа според список со плажи ( објекти ) кои треба да се отстранат од брегот на езерото и тоа по редослед според тоа која плажа најдолго работела без договор со државата.

Охрид со децении беше претворен во своевидно „елдорадо“ за урбанистите во Локалната, градежните компании како и угостители кои со години без никаков договор на брегот на Охридско Езеро во владение самоволно имаа запоседнато илјадници метри квадратни државно земјиште на кои изградиле угостителски објекти или поставиле времена опрема, а ваквите прилики и неприлики го доведоа градот пред бришење од списокот на УНЕСКО.

Акцијата доби засилено темпо откако УНЕСКО препорача да се врати првобитниот изглед на градот.

Зад општина Охрид во спроведување на оваа акција застана и Владата. Премиерот Заев ја реафирмираше определбата на Владата, во координација со локалните самоуправи на трите општини да се усогласат напорите за спроведување на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион со плановите за развој на општините, водејќи грижа на сите вклучени во процесот дека примарна важност имаат заштитата на културните и природните вредности на Охридското Езеро и на крајбрежјето опфатени со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 8 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања