На социјалните мрежи утрово е објавено видео од патот Маврово - Галичник на кој има снежна покривка.
„На дел од патниот правец Маврово - Галичник од утрово се создава снежна покривка. Прогнозата е дека снежните врнежи до пладне треба да престанат, но следната ноќ повторно ќе се создадат услови за провејувања од снег.
Препорака за сите оние кои викендов патуваат за и од Галичник да поседуваат зимска опрема“, стои во објавата.