„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Пак прскалки во затворена просторија, организаторот казнет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-05-25-at-11.34.57

Со пиротехника се прославила победата на кошаркарскиот клуб „Маџари“ кој издвои победа над клубот „Ангели“, иако Собранието донесе измени на Законот за прекршоци против јавниот ред, со кои, се забранува употреба на прскалки во затворени простории. Натпреварот се одиграл во затворена сала, а зад лед дисплејот, покрај конфетите, се гледаат и прскалките.

— реклама —

Побаравме став од Кошаркарската федерација на Македонија, дали се тие организатори, но и дали знаат дека употребата на пиротехника во затворени простории е казниво – до овој момент не добивме одговор. Го контактиравме и кошаркарскиот клуб кој славеше победа за употребените прскалки – но и од таму молк.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи, посочуваат дека постапиле и дека ќе има прекршочна пријава за организаторот.

„Констатирано е дека организаторот нема пријавено до МВР користење пиротехника, согласно закон за пиротехника. СВР Скопје го повика организаторот при што ќе му биде поднесен прекршок согласно новиот закон за користење на пиротехника“, велат од МВР за „Скопје1“.

Со измените не е дозволена употреба на пиротехнички средства во објекти и простории од затворен тип, а двојно се зголемени и прекршочните глоби за физичките и правните лица кои постапуваат спротивно на забраната. Доколку прекршокот се повтори, се предвидува затворска казна. Овие измени дојдоа по големата трагедија во Кочани, каде при употреба на прскалки, искра го зафати таванот и изби пожар, по што загинаа 62 лица.

Инаку, кошаркарскиот клуб „Маџари“ славеше победа за влез во првата лига со трофеј.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања