Вознемирувачка сцена се случила вчера попладне во пристаништето на Крило Јесенице, кога туристичкиот брод „Нерезине“ од засега непознати причини почнал нагло да се навалува.
Веднаш ббила алармирана итната служба, а напомош пристигнале пожарникарите од ДВД Далмација – Дуги Рат, како и полицијата. Неколку патници што се наоѓале на палубата скокнале во морето во последен момент, пред бродот целосно да се навали. За среќа, нема повредени.
„Морето проби, никој не знае што точно се случи. Дали беше поради југото или нешто друго. Сигурно е дека станува збор за продор на вода. Бродот сега лежи речиси настрана и се слуша пукање“, изјави очевидец за „Далмација Данас“.
Бродот сè уште се наоѓа во пристаништето, а причините за несреќата ги испитуваат надлежните органи.